Рендан посен колач

0 likes 0 comments Recipe by Aleksandar Ervin

Рендан посен колач of Aleksandar Ervin - Recipefy

* 130 мл. вода
* 125 грама шеќер
* 250 мл. масло
* 20 грама свеж квасец
* 750 грама брашно тип 400

Prep. Time → 20 min

Cook Time → 40 min

1. Чекор 1: Стоплете ја водата, додадете малку од шеќерот во неа и ставете го квасецот да се активира.

2. Измешајте ги останатиот шеќер и маслото, па кога ќе биде активиран квасецот, ставете го и него, промешајте ја целата смеса за да се растопи шеќерот.

3. Потоа постепено додавајте од брашното и замесете тврдо тесто. Ќе знаете дека сте додале доволно брашно, ако успеете да оформите топче колку дланката, кое не се распаѓа. Ако сте ставиле премногу брашно, може да додадете малку вода и да месите уште кратко.

4. Чекор 2: Тестото поделете го на два дела, еден за долниот слој, еден за горниот, и оставете го да одмори 5 минути.

5. Премачкајте го Ростерот со сосема малку масло на дното и по страните.

6. Од првиот дел на тестото правете топчиња и рендајте ги на крупната страна од рендето. Рендајте по целата површина во тавата, а не на куп, па да го разнесувате со раце.

7. Чекор 3: Кога ќе го оформите првиот слој, врз него премачкајте го мармаладот многу нежно. Многу е важно да не се сплеска тестото, туку да остане воздушесто. Потоа ставете ги и оревите, кои претходно сте ги исечкале. На крај, изрендајте ја другата половина од тестото, исто така рамномерно по целата површина.

8. Чекор 4: Печете во претходно загреана рерна на 170 степени 40-тина минути, или додека колачот не зарумени, но не да загори. Откако ќе се испече колачот оставете го малку да се олади, па обилно нанесете шеќер во прав.

9. Чекор 5: Сечете парчиња со помош на шпатула. Ова е толку ровко тесто што не ви е ни потребен нож. Сервирајте големи парчиња со неколку ореви како декорација.

October 02, 2013 10:31

No one has liked this recipe.

No comments yet.

Aleksandar Ervin
Laferrari_f150-jpg
28 years old
Macedonia