Palacinka de Davorchee Dejanchee  - Recipefy
http://www.youtube.com/watch?v=-iq1f4iUKos

# 1 јајце
# 1/2 лажичка шеќер
# 1/4 лажичка сол
# 10-12 лажици брашно
# 100 мл газирана вода
# 150 мл млеко
# малку масло за јадење

T. Preparacion → 5 min

T. Cocinado → 2 min

1. Ова е рецептот за палачинки кој јас го користам, а го наследив од мајка ми. Основниот рецепт е со едно јајце на кое одат 10 до 12 лажици брашно, а отприлика толку палачинки и ќе излезат на крајот.
Значи... Колку лажици брашно, толку палачинки.

2. Во подлабок сад ставете го јајцето со зачините и изматете го со жица или миксер. Како ви е полесно. Потоа постепено додавајте го брашното и разредувајте со течнDirections:
Ова е рецептот за палачинки кој јас го користам, а го наследив од мајка ми. Основниот рецепт е со едно јајце на кое одат 10 до 12 лажици брашно, а отприлика толку палачинки и ќе излезат на крајот.
Значи... Колку лажици брашно, толку палачинки.

3. Во подлабок сад ставете го јајцето со зачините и изматете го со жица или миксер. Како ви е полесно. Потоа постепено додавајте го брашното и разредувајте со течностите. Може да користите и само млеко, така се палачинките помеки. Мене ми се поубави кога се од мешавина од газирана вода и млеко. Треба да добиете густина како не многу густ јогурт.
Потоа оставете го тестото да одмори најмалку половина час на собна температура или подолго во фрижидер, но најмногу 24 часа.
Откако ќе отстои тестото проверете ја густината бидејќи брашното набабрува и веројатно ќе треба малку да го разредите. Потоа ставете малку масло, измешајте и пржењето може да почне.
Тавата загрејте ја на речиси најсилна температура. Јас ги пржам на 7,5 или 8 од 9. Ставете со кутлача од тестото и убаво распоредете го по целата површина на тавата. Внимавајте колку тесто ќе ставите, палачинките треба да бидат тенки. Откако ќе добијат боја од едната страна, превртете и пржете уште многу кусо време.
Ова е неутрално тесто, па палачинките може да се филуваат и со солен и со благ фил. По желба може да додадете ванила, стопено чоколадо (за чоколадни палачинки), рум, растопен путер...

postres October 02, 2013 11:08

Https-graph-facebook-com-100003546781734-picture

No hay comentarios todavía.

Davorchee Dejanchee
No-user
24 años
Macedonia